• петок, 20 јуни 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

СЗО следната недела ќе разгледува одобрување на две кинески вакцини

СЗО следната недела ќе разгледува одобрување на две кинески вакцини
Женева, 22 јануари 2021 (МИА) – Светската здравствена организација следната недела ќе почне да ја разгледува можноста за одобрување за итна употреба на две кинески вакцини против коронавирусот, изјави помошничката на генералниот директор на СЗО, Маријанџела Симао. Симао исто така рече дека СЗО размислува да издаде одобрение за итна употреба за вакцините на АстраЗенека, произведени во Јужна Кореја и Индија. Кина потпиша договори за извоз на милиони дози вакцини развиени од нејзините компании Синофарм и Синовак. јт/

Остани поврзан