• четврток, 26 март 2026

СЗО: Регистриран е рекорден број деца со акутна неухранетост во Газа

СЗО: Регистриран е рекорден број деца со акутна неухранетост во Газа

Женева, 7 август 2025 (МИА) - Во јули, Газа регистрираше најголем месечен број случаи на акутна неухранетост кај децата досега, објави Светската здравствена организација (СЗО).

СЗО предупреди за зголемување на смртните случаи поврзани со глад во палестинската енклава.

„Во јули, кај речиси 12.000 деца под петгодишна возраст беше дијагностицирана акутна неухранетост во Газа, што е најголем број регистриран за еден месец“, изјави генералниот директор на СЗО, Тедрос Гебрејесус, на прес-конференција во седиштето на организацијата во Женева. зш/

Остани поврзан