СЗО предупредува на влијанието врз здравјето од војната во Иран
- Ескалацијата на конфликтот на Блискиот Исток и неговото влијание врз јавното здравје се причина за голема загриженост, изјави денеска шефот на Светската здравствена организација (СЗО), Тедрос Аданом Гебрејесус.
Женева, 9 март 2025 (МИА) – Ескалацијата на конфликтот на Блискиот Исток и неговото влијание врз јавното здравје се причина за голема загриженост, изјави денеска шефот на Светската здравствена организација (СЗО), Тедрос Аданом Гебрејесус.
- Оштетувањето на нафтените постројки во Иран носи ризик од контаминација на храната, водата и воздухот – опасности кои можат да имаат тешки здравствени влијанија, особено кај децата, постарите лица и луѓето со претходни медицински состојби, објави Тедрос на X.
- Пријавено е дека во делови од земјата паѓа дожд натопен со нафта – додаде тој. пренесе ДПА.
Осврнувајќи се на Либан, тој рече дека девет здравствени работници се убиени, а 16 се повредени од 28 февруари, кога почнаа нападите на САД и Израел врз Иран. Покрај тоа, 43 центри за примарна здравствена заштита и пет болници се затворени поради наредби за евакуација, рече тој.
- Ги повикувам сите страни на деескалација и спречување на натамошни ризици по здравјето на луѓето, влијанија врз здравствените установи и работници, како и натамошно проширување на конфликтот низ регионот. Мирот секогаш е најдобриот лек – заклучи шефот на СЗО. јт/
Фото: ДПА