• петок, 22 ноември 2024

СЗО предупреди на опасностите од електронските цигари и повика на строги регулативи

СЗО предупреди на опасностите од електронските цигари и повика на строги регулативи
Женева, 27 јули 2021 (МИА) - СЗО им препорачува на владите да преземат се што можат за да спречи непушачите да имаат пристап до електронска цигара, плашејќи се од повторно популаризирање на пушењето, особено кај младите. „Електронските цигари и други слични производи се опасни за здравјето и нивната употреба треба да се регулира, со цел да се спречи ’врбување’ на потенцијалните купувачи, предупреди Светската здравствена организација (СЗО). - Никотинот предизвикува силна зависност, а електронските инхалатори за никотин се исто толку опасни, па нивната употреба треба да биде подобро регулирана, рече директорот на Светската здравствена организација, Тедрос Аданом Гебрејесус, кој во вторникот објави нов извештај за борба против пушењето, реализиран во соработка со „Блумберг Филантропис“ (Bloomberg Philanthropies).
   

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан