СЗО предупреди дека „совршена бура“ му се заканува на здравјето на жителите на Газа
- Ако бомбите не ги убијат луѓето во Газа, болестите ќе ги убијат, изјави докторката Маргарет Харис, портпарол на Светската здравствена организација (СЗО), за Би-Би-Си Радио 4.
Женева, 16 ноември 2023 (МИА) – Ако бомбите не ги убијат луѓето во Газа, болестите ќе ги убијат, изјави докторката Маргарет Харис, портпарол на Светската здравствена организација (СЗО), за Би-Би-Си Радио 4.
Харис рече дека Палестинците во Газа се соочуваат со „галопирачки гастроентеритис“, ограничена чиста вода, пороен дожд, канализација што не работи, со огромен број луѓе кои живеат во шатори.
- Не треба да сте експерт за јавно здравје за да сфатите колку е ова катастрофално, додаде таа, нарекувајќи ја ситуацијата „совршена бура“. јт/
Фото: УНРВА