• петок, 05 декември 2025

СЗО постигна начелен договор за текстот на Договорот за пандемии 

СЗО постигна начелен договор за текстот на Договорот за пандемии 

Женева, 12 април 2025 (МИА) - Земјите-членки на Светската здравствена организација денеска постигнаа „начелен договор“ за текстот што треба да овозможи заштита на светот од идни пандемии, по повеќе од три години преговори, изјави копретседавачката на преговарачкото тело Ен-Клер Ампроу.

-Имаме начелен договор, рече Ампроу, копретседавачка на преговарачкото тело и француски амбасадор за глобално здравје, прецизирајќи дека делегатите ќе се сретнат во вторник во Женева за да го доработат текстот и да дадат конечно одобрување.

Вкупно 194-те земји-членки на организацијата преговараат за договорот што би можел да ја зголеми соработката пред и за време на пандемии, по признаените неуспеси за време на Ковид-19.

САД годинава ги напуштија разговорите, откако претседателот Доналд Трамп во февруари издаде извршна наредба за повлекување од СЗО и забрана за учество во разговорите. сд/ 

фото:МИА архива

Остани поврзан