• петок, 22 ноември 2024

СЗО не добила никакви докази од САД за потеклото на новиот коронавирус

СЗО не добила никакви докази од САД за потеклото на новиот коронавирус
Женева, 4 мај 2020 (МИА) - Директорот на Светска здравствена организација за вонредни ситуации Мајкл Рајан денеска изјави дека СЗО не добила никакви докази или информации со кои би се поткрепиле тврдењата на претседателот на САД, Доналд Трамп и на американскиот државен секретар Мајк Помпео дека новиот коронавирус е создаден во лабораторија. - Од наша перспектива, ова и понатаму е шпекулација, посочи Рајан. Тој повтори дека доказите кои ги има СЗО укажуваат на природното потекло на Ковид-19. Трамп и Помпео тврдеа дека виделе докази што сугерираат дека новиот коронавирус потекнува од лабораториите на Институтот за вирусологија во Вухан. - Ако таквите податоци и докази се достапни, тогаш Владата на САД треба да одлучи дали и кога ќе ги подели, но за СЗО е тешко да дејствува во информативниот вакуум за конкретното прашање, истакна Рајан. Тој додаде дека СЗО сака да добие какви било информации кои укажуваат на потеклото на Ковид-19. ми/

Тагови

Остани поврзан