• вторник, 23 јули 2024

СЗО: Кризата во Судан ќе се влоши поради недостиг на хуманитарна помош

СЗО: Кризата во Судан ќе се влоши поради недостиг на хуманитарна помош

Женева, 12 април 2024 (МИА) - Кризата во Судан може да се влоши во наредните месеци, бидејќи дистрибуцијата на хуманитарна помош и медицинска опрема се уште е ограничена, соопшти денеска Светската здравствена организација (СЗО).

Војната избувна во Судан во април 2023 година меѓу суданската армија и паравоените сили за брза поддршка (РСФ), уништувајќи ја инфраструктурата на земјата, предизвикувајќи глад и раселување на милиони луѓе внатре и надвор од земјата.

Илјадници цивили беа убиени во конфликтот, но проценките за точниот број на жртви се различни, додека двете страни се обвинувани за воени злосторства. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан