• петок, 27 декември 2024

СЗО: Во Украина 43 напади врз болници и здравствени установи

СЗО: Во Украина 43 напади врз болници и здравствени установи
Женева, 16 март 2022 (МИА) - Здравствени установи се повеќе стануваат мета во војната, предупреди денеска Светската здравствена организација (СЗО), нагласувајќи дека украинскиот здравствен систем функционира, но му треба поддршка. СЗО потврди 43 напади врз болници и здравствени установи во Украина. Мајк Рајан, извршниот директор на СЗО за итни здравствени програми, ги нарече ваквите напади „неприфатливи“, кои станаа „воени стратегии и тактики“. „Здравствениот систем во Украина функционира одлично, но му треба поддршка, треба да му се дадат основни алатки за спасување животи“, рече Рајан. Тој исто така изјави дека тоа се напади врз „најфундаменталните човекови права“ и дека тоа е повеќе од уништување згради, „тоа е уништување на надежта“. паг/  

Остани поврзан