• среда, 29 ноември 2023

Се урна мал авион во Грција, загина пилотот

Се урна мал авион во Грција, загина пилотот

Атина, 23 септември 2023 (МИА) – Во аероклубот во близина на грчкиот град Тива, претпладнево се урнал мал авион со еден мотор, а загинал пилотот, јави дописничката на МИА од Атина. 

Причините за несреќата засега официјално не се познати, а според грчката државна телевизија ЕРТ, се појавил проблем при полетувањето.

Веднаш по падот, како што соопшти Противпожарната служба на Грција, интервенирале шест пожарникари со две возила, кои го извлекле безживотното тело на пилотот. ср/

Фото: Ламиа репорт

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан