• петок, 05 декември 2025

Се уредува новиот паркинг во Велес на местото на поранешниот театар

Се уредува новиот паркинг во Велес на местото на поранешниот театар

Велес, 2 декември 2025 (МИА) - Во тек се градежни активности за поплочување со бехатон плочки и уредување на новиот паркинг лоциран на просторот на поранешниот театар. Средствата се обезбедени од општинскиот буџет, информираат од Општина Велес.

Воедно потенцираат дека со новите паркинг места ќе се овозможи намалување на сообраќајниот метеж во овој дел од градот.

Дел од граѓаните кои живеат во овој дел од градот, подолго време бараа на оваа место да се направи детски забавен парк, но Советот на Општина Велес не го одобри нивниот предлог, туку донесе одлука, локацијата на поранешниот театар да биде нов паркинг од левата страна на Вардар. ад/аа/

Фото: Општина Велес

Остани поврзан