• петок, 05 декември 2025

Се уредува кејот на реката Вардар

Се уредува кејот на реката Вардар

Скопје, 5 август 2022 (МИА) - Екипи на ЈП „Паркови и зеленило“ во координација со Град Скопје и другите јавни претпријатија ја уредуваат вегетацијата на кејот на реката Вардар.

Уредувањето, како како што информира ЈП „Паркови и зеленило“ - Скопје, почна на потегот од Железниот мост, долж десното течение на реката Вардар кон мостот „Гоце Делчев“, како и на потегот од Железниот мост долж левото течение на реката Вардар кон вливот на Серава, како и од вливот на Серава по левото течение кон пешачкиот мост во Градскиот парк.

Екипите денеска продолжуваат со косење на зеленилото и уредување на вегетацијата на кејот на Вардар, на потег од паркот на езерата кон мостот Близнак, од паркот на езерата кон ПИОМ, од Камени мост кон мостот на булевар „Филип Втори“, како и од пешачкиот мост во Градскиот парк по течението на левата и десната страна на реката Вардар.

Екипите со содветна механизација работат на косење на тревните површини, косење на обрасната нискостеблеста вегетација,  чистење на површините на косините и ширините од коритото на реката Вардар. Екипи од Секторот дрвореди извршија кастрење на диво нискостеблеста израсната вегетација.

Се изврши и санација на 27 клупи на кејот, на потег од Железниот мост до Канал 5 ТВ и на 36 дрвени талпи за седење, на скали спроти вливот на Лепенец во Вардар, односно нивно бојадисување, прицврстување и менување онаму каде недостасува.

-Во заедничка соработка со Град Скопје и останатите јавни претпријатија посветено и редовно работиме на  одржување на  јавните зелени површини во градот во полза на посетителите и за целите за рекреација на граѓаните на кејот на Вардар, се наведува во соопштението од „Паркови и зеленило“ - Скопје. мд/сп/

Остани поврзан