• недела, 22 декември 2024

Се санира светлосната сигнализација на крстосниците во централното градско подрачје

Се санира светлосната сигнализација на крстосниците во централното градско подрачје
Скопје, 31 август 2022 (МИА) - ЈП Улици и патишта Скопје соопшти дека нивни екипи денеска продолжиле со интервенции за санација на оштетените латерни на семафорите од невремето што вчера го зафати градот. Исправени се искривените латерни на семафорите пред Влада на крстосница булевар „Илинден“ со булевар „Свети Климент Охридски“, на улица „М.Х Јасмин“ со булевар „Кирил и Методиј“, семафорите кај ТЦ Три Бисери на булевар „Јане Сандански“ и на крстосница  улица „Никола Карев“ со улица „Самоилова“. Извршена е и демонтажа на целосно оштетени латерни на семафорите на Мајчин дом, булевар „Борис Трајковски“, и на крстосница булевар „АСНОМ“ со булевар „АВНОЈ“, на кои во текот на деновите што следат ќе бидат поставени нови латерни за целосна функционалност на светлосната сигнализација на ова подрачје, информираат од ЈП Улици и патишта Скопје. рп/са/

Остани поврзан