• четврток, 26 март 2026

Се реконструира штипската улица „Цвета Јованова“

Се реконструира штипската улица „Цвета Јованова“

Штип, 1 март 2025 (МИА) - Почна реконструкција на последната улица во штипската населба Автокоманда. Со околу пет милиони денари ќе се обнови водоводната и канализациска мрежа и ќе се асфалтира улицата „Цвета Јованова“. Градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов на денешната прес-конференција рече дека од вкупно седум улици во населбата, оваа улица е последна, која што остана да се реконструира.

-Претходно овде знаете дека повеќе од седум улици се реконструираа со целосна замена на водоводната и канализациска мрежа со третирање на тротоари и на коловозни ленти. Последната улица е „Цвета Јованова“ којашто денеска заедно со ЈП „Исар“ ќе се почне со прва фаза од реконструкција, а тоа е промена на подземната инфраструктура, водоводна линија. Со сите приклучоци на индивидуалните куќи, кои што се наогаат на самата улица во наредните повеќе од две недели ќе се работи на промена на подземната инфраструктура, а веднаш потоа ќе се третираат тротоарите и ќе се нанесуваат два асфалтни слоја, изјави Јорданов.

Директорот на ЈП „Исар“-Штип, Александар Арсовски рече дека нова водоводна мрежа ќе добијат повеќе од 50 семејства.вдј/бт/

Фото: МИА 

Остани поврзан