• петок, 26 април 2024

Се реконструира паркот на просторот кај споменикот на Манчо Малиминов во Неготино

Се реконструира паркот на просторот кај споменикот на Манчо Малиминов во Неготино

Неготино, 13 мај 2023 (МИА) - Се реконструира паркот на просторот кај споменикот на Манчо Малиминов во Неготино, информираше денеска неготинскиот градоначалник Горан Стојанов.  

- Граѓаните на општината Неготино ќе добијат на располагање пријатно и безбедно, катче каде во одмор и релаксација ќе можат да поминуваат дел од слободното време. Имено, во тек се градежни активности за реконструкција на  паркот на просторот кај споменикот на Манчо Малиминов, кои започнаа со расчистување, со кастрење и косење на грмушки и трева и поставување на водоводна линија, а продолжија со бетонирање на пешачки пристапни патеки, соопшти градоначалникот. 

Стојанов додаде дека во тек е набавка на садници со кои ќе се разелени просторот, а ќе биде поставена и урбана опрема.

Манчо Малиминов бил истакнат револуционер, кој во средината на април 1943 година, бил прв на списокот за излегување во партизани, во неговиот крај. свд/ 


Фото : Фејсбук на Горан Стојанов 

Остани поврзан