Се пробива пат за ново сообраќајно поврзување на општините Јегуновце и Тетово
- Градежни работи за пробивање на нова делница на која треба да биде изграден патен правец со цел поврзување помеѓу Општина Јегуновце и Општина Тетово се одвиваат од оваа работна недела.
Тетово, 5 март 2026 (МИА) - Градежни работи за пробивање на нова делница на која треба да биде изграден патен правец со цел поврзување помеѓу Општина Јегуновце и Општина Тетово се одвиваат од оваа работна недела. Градежните работи се почнати на подрајче на Општина Јегуновце, информираше тамошниот градоначалник.
- Овој зафат е од големо значење за сите жители на општина Јегуновце а особено за жителите на населените места Ратае, Жилче и Шемшово кои во иднина ќе добијат побрза, побезбедна и пократка патна врска. Со ова ја започнуваме првата фаза од реализацијата на проектот. По завршувањето на пробивањето и расчистувањето, следува изработка на проектна документација, по што во соработка со Општина Тетово ќе изнајдеме најдобар модел за целосна реализација на овој значаен инфраструктурен проект, информира градоначалникот Димитар Костадиноски.
На крајот на февруари, почна асфалтирање на нов локален пат од населеното место Раотинце до населеното место Јегуновце во рамки на Општина Јегуновце. Досега оваа патна делница беше земјен пат. ас/са/
фото Општина Јегуновце