Се поставува атмосферска канализација на ул.„Воин Драшкоци“ во населбата Хром
- Општина Ѓорче Петров продолжува со активности за подобрување на комуналната инфраструктура на територијата на општината. Во тек е поставување на атмосферска канализација на улицата „Воин Драшкоци“ во населбата Хром, на делница во должина од еден километар со ширина на улицата од седум метри, се вели во соопштението од Општина Ѓорче Петров, што МИА го објавува интегрално.
5 март 2026
Општина Ѓорче Петров продолжува со активности за подобрување на комуналната инфраструктура на територијата на општината. Во тек е поставување на атмосферска канализација на улицата „Воин Драшкоци“ во населбата Хром, на делница во должина од еден километар со ширина на улицата од седум метри, се вели во соопштението од Општина Ѓорче Петров, што МИА го објавува интегрално.
Со реализацијата на овој инфраструктурен проект се решава долгогодишниот проблем со одведувањето на атмосферските води, што значително ќе придонесе за подобрување на условите за живот и зголемување на безбедноста за жителите во овој дел од населбата.
Инвестициите во комуналната инфраструктура претставуваат основа за поквалитетно и побезбедно секојдневие на граѓаните. Општина Ѓорче Петров останува посветена на реализација на инфраструктурни проекти и во наредниот период ќе продолжи со активности за унапредување на условите во сите делови на општината.
фото: Општина Ѓорче Петров