• понеделник, 06 мај 2024

Се огласија сирени во населените места на Голанската висорамнина

Се огласија сирени во населените места на Голанската висорамнина

Тел Авив, 9 ноември 2023 (МИА) - Сирените за тревога се огласија во населените места на Голанската висорамнина, соопштија Израелските одбранбени сили (ИДФ).

Како што наведуваат, истражуваат дали се работи за напад од Сирија, пишува Тајмс оф Израел.

Голанската висорамнина е регион на Блискиот Исток кој зазема околу 1800 км2 и сега е под контрола на Израел, како директна последица од Шестдневната војна, а претходно бил под сириска контрола. ООН го смета регионот за „окупиран“ од страна на Израел, и „интегрален дел на Сирија“. ссм/

фото: архива

Остани поврзан