• четврток, 26 март 2026

Се заловуваа кучиња скитници во Делчево

Се заловуваа кучиња скитници во Делчево

Делчево, 27 ноември 2025 (МИА) - Во Делчево денес беше спроведена акција за заловување кучиња скитници на неколку претходно евидентирани критични точки низ градот. Акцијата ја реализираше „Ветеринарна станица“ – Виница, ангажирана од Општина Делчево согласно договор за вршење на оваа услуга.

Во текот на акцијата се заловени кучиња, идентификувани по претходни пријави од граѓани или по увид на општинските служби на терен.

Од Општина Делчево информираат дека ваквите интервенции се редовна практика со цел унапредување на јавната безбедност и обезбедување хуман третман на кучињата скитници. 

Локалната самоуправа посочува дека зголеменото присуство на кучиња скитници во урбаните делови создава загриженост кај граѓаните и претставува потенцијален ризик, поради што се планира зачестување на акциите за нивно заловување.

Од општината уверуваат дека сите постапки се спроведуваат согласно законските прописи и со целосно почитување на стандардите за хуман третман на животните. вс/

Фото: МИА

Остани поврзан