• четврток, 26 март 2026

Се гради првата училишна спортска сала во населбата Припор

Се гради првата училишна спортска сала во населбата Припор

Скопје, 17 септември 2025 (МИА) - Градоначалникот на Општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски денеска направи увид во градежните работи за изградба на првата училишна спортска сала во населбата Припор.

-Новиот објект ќе биде сместен во дворот на ПОУ „Круме Кепески“ и ќе се простира на 500 квадратни метри, со рок за изведба од две години. Проектот е овозможен со поддршка од Владата, по успешната апликација на Општина Кисела Вода на владиниот повик за обезбедување средства за реализација на капитални проекти, соопштија од Општина Кисела Вода.

Оттаму посочуваат дека салата ќе обезбеди современи услови за спорт и рекреација на учениците и младите од овој дел на градот. Дополнително, ќе се изврши целосно партерно уредување на училишниот двор, со што ќе се создаде безбеден и функционален простор за секојдневни активности. Вредноста на проектот изнесува 16.449.974,80 денари.

-Изградбата на спортската сала претставува инвестиција во подобро образование, здрави навики и развој на младите генерации во Припор. Во изминатите четири години се изгради спортска сала во Пинтија, се реконструираше салата во ООУ „Невена Георгиева Дуња", започна изградбата на сала во ООУ „Кузман Јосифовски Питу", заврши реконструкцијата на салата во ООУ „Партение Зографски", како и реконструкцијата на салата во ООУ „Климент Охридски", велат од Општина Кисела Вода.

Во моментот е подготвена документацијата за изградба на нова сала во ООУ „Кузман Шапкарев", а салата „Расадник" темелно се реконструира во соработка со Министерството за спорт. дма/

Фото: Општина Кисела Вода

Остани поврзан