• понеделник, 18 ноември 2024

Се враќа „Неготински панаѓур" по две години пауза

Се враќа „Неготински панаѓур
Неготино, 16 септември 2022 (МИА) - Се враќа „Неготински панаѓур" по две години пауза поради пандемијата од коронавирус, информираше денеска градоначалникот на Неготино, Горан Стојанов.
- После две години живеење во услови на пандемија од Ковид 19, во кои две години по ред беше откажан и традиционалниот неготински панаѓур, оваа година општината Неготино продолжува со традицијата. На задоволство на најголемиот број наши сограѓани, подготовките за неготинскиот панаѓур оваа година се при крај. За прв пат оваа година донесена е програма за поставување на урбана опрема на јавни површини на градежно земјиште во  градското подрачје на територијата на општина Неготино, за време на панаѓурот, во консултации со надлежните државни институции, појасни градоначалникот.
Тој  посака убав помин за сите гости што ќе дојдат во Неготино и апелираше да се негува традицијата.
Стојанов нагласи дека локалната самоуправа  Неготино, сите постапки ги спроведува во согласност со таа програма.
Стопанско-ттуристичката манифестација ,,Неготински панаѓур", долги години наназад се одржува на 21, 22 и 23 септември.свд/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан