• недела, 22 декември 2024

Сејдини за МИА: Досега не е пристигната ниту една жалба по одлуките на ДИК

Сејдини за МИА:  Досега не е пристигната ниту една жалба по одлуките на ДИК

Скопје, 15 мај 2024 (МИА) - Претседателот на Управен суд Бурим Сејдини за МИА информира дека досега не пристигнала ниту една жалба по одлуките на Државната изборна комисија (ДИК), за приговорите поднесени од политичките партии по одржувањето на парламентарните избори на 8 мај.

Претходно, Државната изборна комисија (ДИК) на 104 седница ги разгледа приговорите поднесени од политичките партии по одржувањето на парламентарните избори на 8 мај.

Од вкупно 27 поднесени приговори - девет од коалицијата „Влен“, осум од ВМРО-ДПМНЕ, пет од СДСМ и четири од Левица, прифатени се седум и тоа шест во Петтата изборна единица и еден во Шестата изборна единица.

Инаку, од Европскиот фронт најавуваат дека ќе ги обжалат одлуките на Државната изборна комисија (ДИК) во Управниот суд и ќе поднесат пријави за членовите на ДИК за кршење на правото на гласачите да ја изразат слободната волја.бт/аа/

Фото: МИА Архива

 

Остани поврзан