• недела, 19 мај 2024

Сеул: Северна Кореја истрела стотина топовски гранати во морската тампон зона

Сеул: Северна Кореја истрела стотина топовски гранати во морската тампон зона
Сеул, 14 октомври 2022 (МИА) - Официјален Сеул соопшти дека Северна Кореја денеска покрај тоа што истрела балистичка ракета, истрела и стотина топовски гранати во морската тампон зона помеѓу двете држави. Армијата на Јужна Кореја наведе дека севернокорејските сили денеска околу 17 часот по локално време (10 часот по централноевропско време) истрелале приближно 80 топовски гранати во водите во близина на источната морска граница. Подоцна севернокорејската армија истрела уште околу 200 топовски гранати во водите во близина на западната морска граница. ми/

Остани поврзан