• вторник, 14 мај 2024

Серија мали земјотреси ја погодија Хрватска

Серија мали земјотреси ја погодија Хрватска

Загреб, 22 февруари 2024 (МИА) - Од средата навечер до утринава, во Хрватска беа регистрирани неколку земјотреси од кои најсилниот беше последниот, со јачина од 3,8 степени по Рихтеровата скала, соопшти Сеизмолошката служба на Хрватска.

Интензитетот во епицентарот е проценет на V степен според ЕМС. Во 5 часот и 7 минути утринава земјотрес со јачина од 3,4 степени е регистриран и во Пељешац, југоисточно од Жуљан, а интензитетот во епицентарот, проценет од јачината, бил IV-V степени ЕМС, соопшти сеизмолошката служба. ссм/

 

Остани поврзан