Серија А ќе инкасира 174 милиони евра од продажба на ТВ правата за Купот на Италија
- Серија А повторно ги продаде ТВ правата за Копа Италија на „Медиасет“. Новиот договор е потпишан за три сезони: 2024/25, 2025/26, 2026/27.
Рим, 31 октомври 2023 (МИА) - Серија А повторно ги продаде ТВ правата за Копа Италија на „Медиасет“. Новиот договор е потпишан за три сезони: 2024/25, 2025/26, 2026/27.
Натпреварите од турнирот ќе се пренесуваат на каналите за бесплатен пренос, а за секоја сезона радиодифузерот ќе потроши по 58 милиони евра, што е за 10 милиони повеќе од претходниот договор.
Компанијата Медиасет ќе го емитува националниот Суперкуп, кој се планира да се одржи во нов формат - со учество на четири клуба.
Во борбата за правата на Купот и Суперкупот на Италија, концернот контролиран од семејството Берлускони победи во конкуренција на државниот холдинг РАИ кој ги поседува ексклузивните права за прикажување натпревари на италијанската репрезентација. зс/
Фото: МИА