• сабота, 21 декември 2024

Серија А гласаше против намалување на бројот на клубови

Серија А гласаше против намалување на бројот на клубови

 

Рим, 12 февруари 2024 (МИА) – Мнозинството клубови во Серија А денеска на заеднички состанок во Милано се изјаснија елитната италијанска фудбалска лига да остане со 20 екипи

За редуцирање на Серија А од сегашните 20 на 18 клубови гласаа само Јувентус, Милан, Интер и Рома, што го наведе претседателот на прволигашот Торино, Урбан Каиро, да ги обвини овие четири екипи за обид за формирање „Мини Супер лига“.

„Тоа што сакаа да го направат беше Мини Супер лига. Денешниот состанок потврди дека мнозинството клубови сакаат лигата да остане со 20 екипи, колку што бројат и другите водечки европски лиги, како англиската и шпанската“, рече Каиро.

Серија А се прошири од 18 на 20 клубови на почетокот на сезоната 2004/05,

Претседателот на Милан, Паоло Скарони, неодамна се заложи за враќање на бројот на прволигашки клубови на 18 за да се редицира бројот на натпревари, особено за италијанските клубови кои настапуваат во европските натпреварувања. ег ФОТО: Фејсбук

Остани поврзан