• вторник, 14 мај 2024

Серијата Голден Стејт - Лејкерс најгледано конференциско полуфинале во последните 27 години

Серијата Голден Стејт - Лејкерс најгледано конференциско полуфинале во последните 27 години

Лос Анџелес, 16 мај 2023 (МИА) – Полуфиналето од Западната конференција на НБА-плејофот меѓу Голден Стејт вориорс и Лос Анџелес лејкерс стана најгледаната серија на ТВ ова фаза на разигрувањето за трофејот во последните 27 години.

 

Просечните прегледи на „ABC“, „ESPN“ и „TNT“ достигнаа 7,8 милиони. 

 

Бранителот на титулата во НБА, Вориорс, загуби од Лејкерс во шест натпревари.

 

Во конференциското финале, Лејкерс ќе игра со Денвер, додека Бостон ќе се соочи со Мајами. зс/

 

Фото: ЕПА

Остани поврзан