Сенатот ја потврди номинацијата на Дејвид Пердју за нов американски амбасадор во Кина
- Пердју, поранешен републикански сенатор од Џорџија познат по застапувањето на агресивна политика кон Кина, ќе ја преземе функцијата додека тензиите растат околу царините меѓу двете земји.

Вашингтон, 29 април 2025 (МИА) - Американскиот Сенат денеска ја потврди номинацијата на поранешниот сенатор Дејвид Пердју за амбасадор на САД во Кина, објави Ен-Би-Си Њуз (NBC News).
Пердју, поранешен републикански сенатор од Џорџија познат по застапувањето на агресивна политика кон Кина, ќе ја преземе функцијата додека тензиите растат околу царините меѓу двете земји.
Сенатот, исто така, ќе гласа за потврдување на Ворен Стивенс за амбасадор на САД во Обединетото Кралство и Том Барак за амбасадор во Турција.
Барак, милијардер и долгогодишен сојузник на американскиот претседател Доналд Трамп, претходно се соочуваше со кривични обвиненија во кои се тврди дека дејствувал како нерегистриран странски агент за Обединетите Арапски Емирати и дека ја попречувал правдата во 2021 година.
Федералната порота во Њујорк подоцна го ослободи од сите обвиненија.сд/
фото:ЕПА