• среда, 10 април 2024

Семејствата каде конфликтите тлеат со години да побараат помош од професионалци 

Семејствата каде конфликтите тлеат со години да побараат помош од професионалци 

Куманово, 2 март 2024 (МИА) - Нема едноставен одговор на прашањето како да се надминат конфликтните состојби во семејствата за да не дојде до трагични последици. Важно е да се работи на личниот развој, на развој на семејните релации. Онаму каде што веќе има конфликти потребна е помош од различни професионалци, велат стручните. Често се случува конфликтните ситуации да прераснат во сериозни кривични дела, како што беше последното двојно убиство во кумановското село Габреш.

Она што можат да го направи поединецот е да тргне од сопствениот развој, но потешко е да се надмине состојбата каде што конфликтите тлеат со години и тогаш, сметаат стручните, потребна е помош од професионалци.

- Да тргнеме од функционирање на семеен, личен, професионален план. Ако тука има отстапувања, ако има отстапувања во психичките функции, тогаш би требало иднивидуата да побара и некаков вид на помош, психијатриска, психолошка, да тргне од некаде и во вакви случаи потребно е инволвирање на други институции од полиција, центри за социјална грижа на други професионалци, правници, медијатори за да не ескалира кој било семеен проблем до степен на убиство, вели д-р Адриана Богдановска Тоскиќ, специјалист по психијатрија во општа болница Куманово.

Двојното убиство и обидот за убиство во кумановското село Габреш ја вознемири јавноста

Основното јавно обвинителство Куманово донесе наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило две кривични дела – убиство од член 123 став 1, како и еден обид за убиство.

- Осомничениот 67-годишник, на 21 февруари во кумановското село Габреш, имал расправија, со двајцата внуци од неговата сестра. На расправијата се приклучила и сестрата. Со пиштол кој го поседувал со дозвола, осомничениот пукал кон нив и со умисла ја лишил од живот сопствената сестра и еден од нејзините синови, а се обидел да го лиши од живот и другиот, соопшти обвинителството

На лицето му е определена мерка притвор. Убиството се случи на 21 февруари годинава. Брат ја убил сестра си и нејзиниот син. Двајца мртви и еден повреден е епилогот од нерасчистените имотно-правни односи односи, информираше СВР Куманово.

- Поради нерасчистени семејни односи денеска во 12:25 часот полициски службеници од СВР го лишиле од слобода Д.Ѓ. затоа што во село Габреш, кумановско поради нерасчистени имотно правни односи пукал од огнено оружје кон неговата сестра Д.Р.(63), и нејзините синови Ж.Р.(36) и Т.Р.(38). Итна медицинска помош констатирала смрт кај Д.Р. и Т.Р., додека Ж.Р.со повреди е беше пренесен во болница, информираше полицијата.

Според податоците на Центарот за социјални работи Куманово, семејството не евидентира во системот на социјална заштита како корисник на права или услуги.

Објективни и субјективни причини можат да ја поттикнат напнатоста и конфликтуозноста, објаснува докторката Богдановска Тоскиќ. Општата атмосфера, стандардот на живот, разрешените или неразрешенте општествени процеси и личните, самата структура на личноста, околностите во кои растела, во кои живее придонесуваат некои да се потрпеливи, некои помалку.

- Кога станува збор за какво било насилство во семејните релации можеме да зборуваме и семејно насилство во поширок контекст, но и самата структура на личноста, околностите во коишто растела, придонесуваат за градење на индивидуата. Дали таа ќе биде потрпелива или напната. Но и дали расправија заради имотно-правни прашања, ќе заврши со убиство. Кога станува збор за каков било вид на насилство во семејните релации можеме да зборуваме за семејно насилство во поширок контекст, вели Тоскиќ Богдановска.

Во регионите каде што луѓето се потемпераментни се случуваат вакви убиства за некои семејни причини, Балканот и воопштено Медитеранот.

-Моментот и убиство во контекст на семејно насилство доста често е или убиство на миг или убиство во афект. Правнички постои убиство на миг додека убиство на афект повеќе се однесува на состојба која подлежи при анализа на пресметливоста или непресметливоста. Убиство на миг се случува кога убиецот, извршителот е во една состојба на висока емотивна раздразливост, објаснува докторката.

Сите случаи се приказна сама за себе, но според Тоскиќ Богдановска, она што доведува до високо емотивна раздразливост можат да бидат повеќе фактори, самиот конфликт, релацијата, времетраењето на конфликтот, но и улогата на жртвата, која придонесува убиецот да биде доведен во состојба на висока раздразливост, дали со претходни напади, навреди, дали во моментот и тоа што е значајно за убиство во миг се случува во моментот кога трае конфликтот.

- Од тие причини овој тип на убиства се нарекува и привилегирано убиство, бидејќи се признава и улогата на жртвата во поттикнување на извршување на делото, вели Тоскиќ Богдановска.

Кај нарушените семејни релации постоењето на семејно насилство е во поширок контекст. Сите тие конфликти каде што постои и психичко и физичко и материјално малтретирање на еден член на семејство, врз друг, без разлика дали станува збор за потесно или поширокот семејство.

Важно е поединецот да побара помош, да бара начини за надминување на состојбата. Онаму каде што се вклучени пошироките семејства да побараат помош од други професионалци, медијатори, правници, особено оние семејства каде со години има нарушени семејни односи.

Полицијата уапси дваесетгодишен велешанец кој извршил осум кражби за еден месец во угостителски и деловни објекти во Куманово, соопшти денеска СВР Куманово.

Според податоците на СВР Куманово, на подрачјето на секторот, во 2022 регистриран е еден случај на убиство во село Гиновци, општина Ранковце, кое било расчистено, а сторителот лишен од слобода.

- Во 2023 година биле регистрирани четири случаи на убиство, од кои едно на подрачјето на Крива Паланка, кое е расчистено, две во Куманово, исто така, расчистени и едно во село Речица, кумановско, за кое се преземаат мерки за негово расчистување, соопшти полицијата.

Во 2024 година е регистрирано двојното убиство во кумановско Габреш. 

Александра Максимовска

Фото: МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан