• петок, 22 ноември 2024

Селин Дион и Лејди Гага ќе настапат на отворањето на Олимпијадата во Париз

Селин Дион и Лејди Гага ќе настапат на отворањето на Олимпијадата во Париз

Лондон, 25 јули 2024 (МИА) - Пејачките Селин Дион и Лејди Гага ќе настапат утре на свеченото отворање на Олимписките игри во 2024 година во Париз.

Како што пишува „Индепендент“, повикувајќи се на новинарот Тиери Монро, Дион и Лејди Гага ја вежбале песната на Едит Пјаф „La Vie en rose“ во дует.

Забележано е дека Дион ќе се појави на сцената за прв пат од 2022 година, кога ја откажа светската турнеја и објави дека и бил дијагностициран синдром на вкочанет мускул.

За прв пат во историјата на Игрите, свеченото отворање ќе би на река (Сена). Парадата на спортистите ќе се одржи на чамци по патеката долга 6 километри 

Шоуто, парадата на учесниците и официјалниот дел ќе започнат во 19:30 часот. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан