• петок, 21 февруари 2025

Селена Гомез со нов албум следниот месец

Селена Гомез со нов албум следниот месец

Лос Анџелес, 18 февруари 2025 (МИА) - Селена Гомез тајно работела на својот нов албум „I Said I Love You First“, заедно со нејзиниот свршеник Бени Бланко, па датумот на издавање - 21 март е своевидно изненадување за обожавателите.

Ова, всушност, е прв албум на Латиноамериканката по пет години. Речиси истовремено, таа објави и една од новите песни, со наслов „Scared of Loving You“.

Нејзиниот последен, трети солоалбум „Rare“ беше објавен во 2020 година и дебитираше на број 1 на познатата „Билборд 200„ топ-листа.  си/

Фото: ЕПА

Остани поврзан