• недела, 22 декември 2024

Села контра Таравари, бара АА самостојно да оди на избори

Села контра Таравари, бара АА самостојно да оди на избори

Тетово, 4 февруари 2024 (МИА) - Поранешниот лидер и актуелен претседателот на Централното собрание на Алијанса за Албанците Зијадин Села вечерва на прес-конференција во Тетово објави дека е против одлуката на партискиот претседател Арбен Таравари АА да се приклучи на албанскиот опозициски фронт на претстојните избори.

Села смета дека партијата треба да оди самостојно на избори, а конечната одлука да ја донесат партиските тела.

Тој најави дека ќе свика седница на Централното собрание за в сабота на која ќе се бара одговорност за претседателот на партијата Арбен Таравари.

Претходно на официјалната Фејсбук страница на АА  беше објавено дека Таравари откако вчера јавно побара партиските органи да донесат одлука за настап со албанската опозиција на претстојните избори, за 24 часа се собрани потписи за поддршка од 80 од вкупно 133 члена колку што  брои Централното собрание на партијата. 

- Иницијативата на претседателот Таравари доби поддршка од мнозинството собранија на АА. За 24 часа доброволно се собрани 80 потписи на Собранието од вкупно 133 колку што брои Собранието. Поголемиот дел од Собранието на Алијансата за Албанците е јасно за сигурна промена. Претседателот Таравари повикува на мудрост, зрелост и единство, за ДУИ конечно да биде испратена во опозициа. Промената доаѓа, се наведува во објавата на Фејбсук на АА.

Претседателот на партијата Арбен Таравари синоќа објави дека АА ќе се приклучи на албанскиот опозициски фронт. Таравари доби поддршка од министерот за здравство Фатмир Меџити, а му се спротивставија поранешниот прв човек на партијата Зијадин Села, министерот за правда Кренар Лога и потпретседателката на АА Илире Даути. Тие го обвинија Таравари дека тој како поединец не може да одлучува за чекорите на партијата, туку партиските тела.ас/мд/

Фото: МИА 

Остани поврзан