• четврток, 26 март 2026

Сектор за урбанизам од Општина Куманово реагира на прес-конференцијата на Мургашанска: Двата плански опфати се различни

Сектор за урбанизам од Општина Куманово реагира на прес-конференцијата на Мургашанска: Двата плански опфати се различни

Куманово, 9 мај 2025 (МИА) - Секторот за урбанизам од Општина Куманово, денеска преку соопштение до јавноста реагира на прес-конференцијата на советничката во Советот на општина Куманово од СДСМ, Атина Мургашанска. Од секторот велат дека изнесените тврдења на советничката Мургашанска се невистинити.

- Искажаните тврдење се однесуваат за два сосема различни плански опфати, со што се покажува нејзиното недоволно познавање од областа на урбанизмот. Имено, зградата којашто ја споменува, а ја гради советникот од ДУИ е со издадено уредно одобрение за градење, согласно важечкиот детален урбанистички план. Истиот е донесен со одлука на Советот на општина Куманово, број 09-10073/13 од 20.12.2022 година, во кој ДУП е предвидена посочената сообраќајница и  ДУП-от нема никаква врска со планскиот опфат, дефиниран во нацрт-детален урбанистички план, кој е утврден на седница на Совет на 05. мај 2025 година, односно станува збор за два различни плански опфати, наведуваат од секторот во писменото соопштение доставено до медиумите.ам/бт/

Фото: МИА

Остани поврзан