• среда, 15 мај 2024

Секое новороденче од Крива Паланка годинава ќе добие еднократна помош од општината

Секое новороденче од Крива Паланка годинава ќе добие еднократна помош од општината
Крива Паланка, 4 јануари 2022 (МИА) - Секое новороденче од Општина Крива Паланка ќе добие еднократна парична помош од локалната самоуправа во висина од три илјади денари. Одлуката е донесена од страна на Советот на општината, на иницијатива на градоначалникот, Сашко Митовски. - Секое семејство со новороденче, родено од први јануари 2022 година, со живеалиште на територијата на општина Крива Паланка ќе добие три илјади денари. Досега општината ги субвенционираше само семејствата на првите пет родени деца во годината, а од оваа година ќе исплаќа финансиски надоместок за секое новороденче, како позитивен поттик и стимулација за наталитетот и олеснување на финансиските трошоци околу новороденчето.Потребните документи за аплицирање се наведени во барањето за оваа намена, достапно на веб-страницата на општината www.krivapalanka.gov.mk, информираат од службата за комуникација со јавност на Општина Крива Паланка. Барање за аплицирање може да се подигне од архивата на Општина Крива Паланка или од веб-страницата на Општина Крива Паланка на следниов линк  https://www.krivapalanka.gov.mk/wp-content/uploads/2022/01/Baranje-za-novorodencinja-2022.doc Во прилог на барањето треба да се достави: фотокопија од извод од матична книга на родените за новороденчето, фотокопија од важечка лична карта или патна исправа на родителите, од која се видни податоците за живеалиштето на територија на општина Крива Паланка и активна трансакциска сметка на родителот-примател на финансиски надомест. ид/цр

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан