• вторник, 05 ноември 2024

Сежурне: Палестинците имаат право на суверенитет и држава

Сежурне: Палестинците имаат право на суверенитет и држава

Париз, 21 јануари 2024 (МИА) - Палестинците „имаат право на суверенитет и држава“, изјави синоќа новиот шеф на француската дипломатија, Стефан Сежурне, откако израелскиот премиер Бенјамин Нетанјхаху уште еднаш го потврди своето противење на „палестинскиот суверенитет“ во Газа.

„Франција ќе остане верна на својата посветеност за постигнување на оваа цел“, напиша Сежурне на мрежата „Х“.

Твитот на францускиот министер за надворешни работи уследи по изјавата на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху дека се противи на палестинскиот суверенитет во Газа и верува дека Израел мора да ја задржи „контролата над безбедноста на палестинската територија“.

Израел мора „да се погрижи Газа повеќе да не претставува закана“ што е „спротивно на барањето за палестински суверенитет“, објаснил Нетанјаху во петокот, за време на 40-минутниот телефонски разговор со американскиот претседател Џозеф Бајден, соопшти кабинетот на премиерот.

САД и Европа се залагаат за израелско-палестинско решение со две држави - Израел и идна палестинска држава, на која се спротивставува израелската Влада, која се впушти во војна против Хамас во Газа, по крвавиот напад на ова палестинско исламистичко движење врз југот на Израел на 7 октомври.

Во нападот без преседан загинаа 1.140 луѓе, од кои повеќето цивили, наведуваат француските меидуми. Одговорот на Израел досега остави речиси 25.000 жртви во Газа, огромно мнозинство од нив жени, деца и тинејџери, пресмета Министерството за здравство на Хамас.сд/

фото:МИА архива

Остани поврзан