Седум патнички возила вршеле меѓународен превоз на патници без соодветна документација
- На граничниот премин Табановце во текот на вчерашниот ден, полицијата констатирала непочитување на законите кај седум патнички возила што вршеле меѓународен превоз на патници.

Скопје, 30 септември 2022 (МИА) - На граничниот премин Табановце во текот на вчерашниот ден, полицијата констатирала непочитување на законите кај седум патнички возила што вршеле меѓународен превоз на патници.
-При контрола на седумте возила, сите скопски регистарски ознаки, управувани од Б.Т.(35), К.Ѓ.(65), А.Г.(59), И.В.(39), С.Д.(45), Љ.И.(55) и С.И.(52), сите од Скопје, било констатирано дека вршеле меѓународен превоз на патници без поседување на соодветна документација – лиценца за вршење меѓународен превоз на патници, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Од страна на Државниот инспекторат за транспорт изречени се соодветни санкции за возачите и возилата. ки/бак/