Седум лица се водат како исчезнати по лавина на планина во Непал
- Најмалку четири Јужнокорејци и три непалски водичи се пријавени за исчезнати откако лавина ја погоди популарната патека на планината Анапура во Непал

Катманду, 18 јануари 2020 (МИА) - Најмалку четири Јужнокорејци и три непалски водичи се пријавени за исчезнати откако лавина ја погоди популарната патека на планината Анапура во Непал.
Непалските власти соопштија дека досега се спасени 30 планинари и се работи на спасување на останатите, но временските услови не се погодни за спасувачката операција.
Јужнокорејското Министерство за надворешни работи соопшти дека лавината се случила на надморска височина од 3.230 метри и дека се исчезнати четворица наставници кои волонтерски работеле во Непал. ки/ми/