• недела, 22 декември 2024

Седум лица обвинети за кибер-насилство врз уметничкиот директор на Париските Олимписки игри

Седум лица обвинети за кибер-насилство врз уметничкиот директор на Париските Олимписки игри

Париз, 25 октомври 2024 (МИА) - Француските власти денеска соопштија дека поднеле обвиненија против седум лица за кибер-насилство насочено кон режисерот Тома Жоли, уметнички директор на церемониите на отворање и затворање на Олимписките игри во Париз.

Жоли стана цел на омраза преку интернет по шоуто за отворањето на Олимписките игри во јули, кое вклучуваше ЛГБТ изведувачи и наиде на контроверзи. На 31 јули тој поднесе тужба.

Париското обвинителство, кое започна истрага, денеска соопшти дека ова се само првите приведени и дека се очекуваат дополнителни апсења. Обвинетите, на возраст од 22 до 79 години, се соочуваат со обвиненија за закани, клевети и кибер-насилство, и им се заканува затворска казна и високи парични глоби. ссм/

фото: ЕПА архива

Остани поврзан