• петок, 22 ноември 2024

Седум бебиња загинаа во пожар во болница во Њу Делхи, сопственикот на болницата во бегство

Седум бебиња загинаа во пожар во болница во Њу Делхи, сопственикот на болницата во бегство

Њу Делхи, 26 мај 2024 (МИА) - Седум бебиња загинаа во голем пожар во болница во источниот дел на Њу Делхи, а пет се спасени и префрлени во друга болница, соопштија денеска локалните власти.

Сопственикот на болницата за бебиња во која избувна пожарот во саботата е во бегство, соопшти полицијата.

Како што пренесе Тајмс оф Индија, пожарот е ставен под контрола, а истрагата за причините за несреќата е во тек. паг/

Фото: МИА архива

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан