• среда, 17 јули 2024

Седници на две собраниски комисии

Седници на две собраниски комисии
Скопје, 11 февруари 2022 (МИА) – Во Собранието денеска седници ќе одржат комисиите за политички систем и односи меѓу заедниците и за одбрана и безбедност. На дневниот ред на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците се Годишниот извештај за работата на јавните обвинителства за 2020 година и Извештајот за реализација на Судскиот буџет за 2020 година. Членовите на Комисијата за одбрана и безбедност ќе расправаат за предлог законите за изменување и дополнување на Законот за внатрешни работи и на Законот за полиција, двата во второ читање.вј/мд/

Остани поврзан