• четврток, 26 март 2026

Седница на Советот за безбедност на Бугарија посветена на геополитичката ситуација

Седница на Советот за безбедност на Бугарија посветена на геополитичката ситуација

Софија, 4 март 2025 (МИА) – Премиерот на Бугарија, Росен Желјазков денеска закажа седница на Советот за безбедност на Советот на министри на тема „Преглед и анализа на актуелната геополитичка ситуација и ризиците по националната безбедност“.

Покрај постојаните членови на Советот, Желјзаков ги покани и претседателите на сите пратенички групи.

Седницата е закажана откако американскиот претседател Доналд Трамп синоќа привремено ја суспендира целата воена помош за Украина. ми/

фото: МИА архива

Остани поврзан