• сабота, 23 ноември 2024

Седница на собраниската Комисија за надворешна политика

Седница на собраниската Комисија за надворешна политика
Скопје, 28 март 2023 (МИА) - Собраниската Комисија за надворешна политика денеска ќе одржи седница на која на дневен ред се три ратификации. 
 
Пратениците треба да ги разгледаат Предлог законот за ратификација на Договорoт за слобода на движење со лични карти во Западен Балкан, Предлог законот за ратификација на Договорот за признавање на високообразовните квалификации во Западен Балкан, како и Предлог законот за ратификација на Договорот за признавање на професионалните квалификации на докторите по медицина, докторите по дентална медицина и архитектите во контекст на Централно-европскиот договор за слободна трговија. 
 
Трите договори се потпишани на 3 ноември 2022 година во Берлин од страна на претставници на Северна Македонија, БиХ, Косово, Албанија, Црна Гора и Србија. ев/

Остани поврзан