Конститутивна седница на Клубот на пратенички
- Во Собранието денеска ќе се одржи конститутивна седница на Клубот на пратенички.
![Конститутивна седница на Клубот на пратенички](https://mia.mk/images/20250109164455_big_730x400_81.webp )
Скопје, 10 јануари 2025 (МИА) - Во Собранието денеска ќе се одржи конститутивна седница на Клубот на пратенички.
Клубот на пратенички е неформална група во Собранието на Република Северна Македонија, составена од сите пратенички, независно на која пратеничка група припаѓаат.
Клубот на пратенички е формиран на 7 март 2003 година во рамките на регионалниот проект на Пактот за стабилност - Маса за родова рамноправност, со помош на локалните партнери Македонско женско лоби, СОЖМ и Одделението за унапредување на рамноправноста меѓу половите при Министерството за труд и социјална политика. Во изминатите пет години, Клубот на пратенички имаше за цел да ја разгледа постојната и да предложи нова законска регулатива во областа на родовите прашања.
Клубот на пратенички делува со заедничка и единствена цел - преку законски решенија да се постигне родова еднаквост и унапредување на правата на жените, нивно активно вклучување во процесот на одлучување во државата како и зајакнување и ширење на демократијата во сите сфери на македонското општество. фф/ев/
Фото: МИА Архива