• петок, 22 ноември 2024

Седница на Собранието на Црна Гора за смена на Бечиќ

Седница на Собранието на Црна Гора за смена на Бечиќ
Подгорица, 7 февруари 2022 (МИА) - Во Подгорица денеска ќе се одржи четвртата вонредна седница на Собранието на Црна Гора, на која пратениците на предлог на опозицијата ќе одлучуваат за смена на претседателот на Собранието, Алекса Бечиќ. Во образложението на предлогот се наведува дека Собранието за време на мандатот на Бечиќ не било место на суштински политички дијалог, поради што не успеало да исполни една од основните функции и да доведе до забрзување на европскиот пат на Црна Гора. Пратениците од опозицијата го поднесоа предлогот, а единствениот кој не го потпиша беше пратеникот на Албанската листа, Генци Ниманбегу. Демократскиот фронт (ДФ) и Социјалистичката народна партија (СНП), кои потпишаа меморандум со Граѓанското движење УРА на Дритан Абазовиќ за формирање нова малцинска влада, соопштија дека нема да гласаат за отповикување на претседателот на Собранието. Демократска Црна Гора на Бечиќ соопшти дека секој што ќе гласа за негова смена на вонредна седница на Собранието или не учествува на гласањето, склучил договор со Демократската партија на социјалистите (ДПС) на Мило Ѓукановиќ и формирал нова парламентарна коалиција. Претседателот на Парламентот се разрешува со мнозинство од вкупниот број присутни пратеници. ми/

Остани поврзан