Седница на Општинскиот штаб за заштита и спасување во Куманово
- Тринаесет пожари имало на подрачјето на Куманово, соопшти вчера градоначалникот на Максим Димитриевски по одржувањето на седницата на Кризниот штаб. Тој информираше дека пожарите биле на различни локации во приградски населби и села. Како што информира, пожарите се ставени под контрола, а ангажирани биле 33 пожарникари со 11 возила.
Куманово, 10 јули 2025 (МИА) - Тринаесет пожари имало на подрачјето на Куманово, соопшти вчера градоначалникот на Максим Димитриевски по одржувањето на седницата на Кризниот штаб. Тој информираше дека пожарите биле на различни локации во приградски населби и села. Како што информира, пожарите се ставени под контрола, а ангажирани биле 33 пожарникари со 11 возила.
Тој повика да се пријавуваат сомнителни движења на зачадени простори, укажувајќи дека пожарите се предизвикани „несвесно“ или „свесно“. Штабот донесе бројни заклучоци, ставена е целокупната механизација во јавните претпријатија, градежните машини, цистерни за вода.
- Не очекуваат слични температури, имаме дојави дека пожарите се случуваат од искрење на нисконапонски мрежи ќе разговараме со ЕВН, МЕПСО, повикувам на граѓанска солидарност да се спречат и да се помогне според сопствена иницијатива и можности, рече Димитриевски.
Според него, има резервни сили и дополнителен број пожарникари – доброволци што можат да се ангажираат. Градоначалникот кажа дека ќе помогнат и на други соседни општини.

- Причината треба да ја откријат државните органи, не можам со сигурност ништо да тврдам, ама симптоматично е што се случуваат 13 пожари за време од час, час и половина. Органите ќе истражат. Пожарникарите се враќаа по два до три пати на еден пожар на некои локации има материјална штета. За среќа нема жртви, кажа Димитриевски, изразувајќи сочуство до семејството на починатиот од кривопаланечко.
Според стандардите Куманово треба да има 100 пожарникари, а во моментов има 46.
- Пожарите експресно беа ставени под контрола од два до четири часа. Пожарникарите не можат во ист момент да дојдат на различни локации. Не можам со сигурност да тврдам, ама во ист временски период имаме толкав број пожари во момент кога дува силен ветер, рече Димитриевски.
Кумановските пожарникари вчера интервенираа и на пожарите во соседна општина Старо Нагоричане. На штабот е донесен заклучок да биде ангажирана целокупната механизација на јавните претпријатија од градот.

- Одделение за информирање и односи со јавност при Општина Куманово, во координација со МВР – СВР Куманово, секојдневно да ги информираат граѓаните преку медиуми, за тековните ситуации на терен, да испраќаат апели до граѓаните да не се опожаруваат стрништа и суви треви (особено во наредниот период), како и да не се фрлаат отпушоци, за да не дојде до појава на пожари. Исто така, ОШЗС апелира до граѓаните да се воздржат од непотребни движења на отворен простор, како и да информираат за сите забележани пожари на отворени површини и сомнителни движења на лица, информираат од Штабот. ам/мч/
Фото Општина Куманово и МИА