• недела, 24 ноември 2024

Седница на Главен штаб за управување со кризи при ЦУК

Седница на Главен штаб за управување со кризи при ЦУК
Скопје, 20 јануари 2021 (МИА) -  На седница на Главниот штаб за управување со кризи при Центарот за управување со кризи денеска се разгледани  преземените мерки и активности на институциите од ЦУК за справување со кризната состојба од заразната болест Ковид-19, како и можните координирани активности за претстојната вакцинација.
На седницата, соопшти ЦУК, беа разгледани и надоградени преземените мерки и определени досегашни активности на институциите, согласно Акцискиот план, со цел за поголемо и посеофатно дејствување во правец превенција и справување со ширењето на заразната болест „COVID-19“ предизвикана од вирусот „SARS-CoV-2“, а во насока за заштита на здравјето и животот на населението.Тоа, преку Главниот штаб за управување со кризи при Центарот за управување со кризи, се настојува да се извршува со сеопфатно координирани мерки и активности на субјектите во Системот за управување со кризи, СУК, со насоки за рационално и ефикасно искористување на расположивите национални ресурси, тековно, а и за нареден можен период во поглед на координирани активности за претстојната вакцинација.
- Без разлика што според податоците пандемијата во државата има надолна линија во моментов, сепак, не треба да се „олабавуваме“ многу во општеството, особено не и субјектите во Системот за управување со кризи, потенцирал раководителот на Главниот штаб за управување со кризи, в.д. директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов.
Тој истовремено ја нагласил важноста за почитување и на секогаш актуелниот апел на Министерството за здравство и Владата на Република Северна Македонија за понатамошно максимално следење на препораките, упатствата, мерките, а и забраните во државата со цел за заштита и спречување на ширење на вирусот.
Од ЦУК посочуваат дека поврзувањето и со научната мисла од областа на кризниот менаџмент, одбрана и безбедност, при одредени етапи од управувањето со кризи – конкретно при координирањето на справувањето со пандемијата во државата, се остварува и со непосреден контакт со реална непосредна присутност и согледување на практикувањето на управувањето со кризни ситуации, а и со размена на мислења за тој процес. - Тоа се оствари сега на седницата на Главниот штаб за управување со кризи при ЦУК при кооринирањето на борбата против невидливиот непријател, вирусот „SARS-CoV-2“, а дава можен реален правец на научните согледувања за можна креација и надоградување на идна системска поставенот во државата во контекст на идни соочувања со предизвици при управувањето со кризи, наведуваат од ЦУК.
Центарот за управување со кризи е во постојано заседавање, посочуваат, а во неговата работата покрај постојаното работење и координирање со Црвениот крст на Р. С. Македонија се вклучени соодветно и други претставници на граѓански организации како надворешни соработници од невладиниот сектор. Тоа е проширување на фронтот за борба против пандемијата на оптимално организирана линија и со невладините организации.
Ангелов истакнал дека невладините организации се и значаен ресурс на општеството, што согласно можностите се имплементира и во Системот за управување со кризи, а што по сопствена независна активност и работа воспоставува дополнителни интеракциски врски и непосредна комуникација со грѓаните. - Притоа, споделените граѓански индивидуални искуства и идеи, пренесени преку претставници на невладините организации коишто учествуваат во работата на Главниот штаб за управување со кризи при ЦУК, дава можност таквите продуктивни искуства, согледувања и идеи да се имплементираат како сестрано согледување за поефикасно заедничко дејствување на граѓаните со владините и други државни субјекти на СУК во правец за поголема успешност и координација преку Центарот за управување со кризи во одредени сегменти на управувањето со кризи - во заедничката борба против светската пандемија во нашата држава и регион што и се остварува преку Главниот штаб за управување со кризи при ЦУК, информираат од ЦУК.фф/лв/

Тагови

Остани поврзан