• четврток, 26 март 2026

Седницата на Собранието одложена за еден час на барање на Левица

Седницата на Собранието одложена за еден час на барање на Левица

Скопје, 29 мај 2025 (МИА) - Собранието на Република Северна Македонија денеска ја почна 50. седница на која на дневен ред се пратенички прашања. На барање на Левица дадена е пауза од еден час.

Пратеникот од Левица Сашо Јанчев кажа дека паузата ја бараат бидејќи се уште не и е даден одговор на нивната пратеничка Јована Мојсовска од генералната секретатрка Марина Димовска и од службите на Собранието во врска со исплата на станарините и патните трошоци на пратениците.

Тој потенцира дека се додека не ги добијат тие информации ќе породолжат да бараат на секоја пленарна седница по еден час пауза на почетокот од седниците.

Пратеничката Мојсоска поднела барање до службите на Собранието и генералниот секретар од јануари за информација за исплатените патни трошоци и кирии за 2024 за пратениците поименично. 

Според листата на пратеници пријавени за поднесување пратенички прашања прв е пратеникот и координатор на пратеничката група на СДСМ Оливер Спасовски. вг/са/

Фото: МИА Архива

 

 

Остани поврзан