• недела, 22 декември 2024

Седница на собраниската Комисија за финансирање и буџет

Седница на собраниската Комисија за финансирање и буџет
Скопје, 5 јули 2021 (МИА) - Во Собранието денеска седница ќе одржи Комисијата за финансирање и буџет. Членовите на оваа комисија ќе расправаат за Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за данокот на додадена вредност, по скратена постапка - второ читање. На дневниот ред на седницата е и Предлог-законот за утврдување на јавен интерес и номинирање на стратешки партнер за имплементација на проектот за изградба на инфраструктурниот коридор 8 (делница: Тетово – Гостивар – Букојчани и проектот за автопатот Требеништа – Струга – Ќафасан) и коридорот 10 Д (делница на автопатот Прилеп - Битола) во Република Северна Македонија, по скратена постапка - второ читање. Овој Предлог-закон е поднесен од пратениците Јован Митрески, Арбер Адеми, Сурија Рашиди и Кастриот Реџепи. мд/сп/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан