Седмо издание на Меѓународната уметничка колонија „Трпејца 2024“
- Во организација на Здружението „За Трпејца со љубов“ од денеска до 22 овој месец ќе се одржува седмото издание на Меѓународната уметничка колонија „Трпејца 2024“.
Охрид, 18 септември 2024 (МИА) - Во организација на Здружението „За Трпејца со љубов“ од денеска до 22 овој месец ќе се одржува седмото издание на Меѓународната уметничка колонија „Трпејца 2024“.
Годинава на колонијата ќе учествуваат уметниците Нина Тодоров и Владисав Богичевиќ од Ниш, Данчо Ордев од Скопје, Николаос Тамоутселис од Лерин и Наташа Попоска – Карче и Ѓоко Симјаноски од Охрид.
По традиција тие ќе творат во просториите на Подрачното основно училиште „Наум Охридски“, а ќе се дружат и со ученците од Пештани и Трпејца, со мештаните, но и туристите.
Уметничката колонија е под покровителство на Општина Охрид. аб/дма/
фото/плакат