• четврток, 14 ноември 2024

Севиља со петто ново засилување

Севиља со петто ново засилување
Севиља, 14 септември 2020 (МИА) - Раководството на Севиља доби петто ново засилување. Се работи за левиот бек Маркос Акуња, кој доаѓа од Спортинг (Лисабон) за 10 милиони евра и уште 2 милиони во бонуси. Дваесет и осум-годишниот дефанзивец потпиша договор до 2024 година. Тој е аргентински репрезентативец, има 27 натпревари за „Албиселесте“, а одигра натпревари и на Светскиот куп. Со привлекувањето на Акуња, „бело-црвените“ ја пополнуваат празнината од заминувањето на Серхио Регилон, кој се врати во Реал Мадрид. Ова лето на „Рамон Санчез Писхуан“ пристигнаа и Иван Ракитиќ, Оскар Родригез, Јасин Буну и Сусо.

Тагови

Остани поврзан